СУДОТ ВО МЕНХЕТЕН ОДЛУЧИ: Трамп осуден за сексуално злоставување, ќе ѝ плати 2 милиони долари на новинарката

/ 09.05.2023

Федералната порота во Менхетен денеска донесе одлука дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал новинарката Елизабет Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа пролетта 1996 година.

Судот на Менхетен го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Џеј Трамп одговорен за сексуалниот напад на писателката Е.Џин Керол.

Поротата го отфрли тврдењето на писателката дека Доналд Трамп ја силувал, но го прогласи за одговорен за сексуален напад во 1996 година. Исто така, на Е. Џин Керол треба да ѝ бидат доделени најмалку 2 милиони долари.

Федералната порота составена од шест мажи и три жени, исто така, го прогласи Трамп за одговорен за клевета на Керол кога објави изјава на неговата веб-страница Truth Social во октомври, нарекувајќи го нејзиниот случај „тотална измама“.


Од истата категорија