Во Варшава, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес, дошло повторно до „судир“ меѓу албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај и српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ.

Дачиќ побарал косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли да не биде дел од средбата и станал да си замине од салата. Во тој момент за збор се јавил Цакај.

– Знам дека ме слуша, затоа ќе зборувам. Зборовите на Дачиќ се реторика од 20. век и целосно не се на место и без чувство. Дачиќ 28 години е во политиката, а јас имам 28 години. Но, поради него, јас 28 години сум бегалец, рекол Цакај, кој е Косовец.

По обраќањето на Цакај, Дачиќ повторно побарал збор, но претседавачот на средбата не му дозволил.

Претходно, на 1 февруари на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ и балканските земји во Букурешт, Цакај првпат се „судри“ со својот српски колега, кога Дачиќ се обидел да го стави во незавидна ситуација, протестирајќи „зошто Косово има двајца министри“, забележувајќи дека покрај Беџет Пацоли и Цакај доаѓа од Косово.

– Ова е тешка провокација која ја прави премиерот (на Албанја) Еди Рама, рекол Дачиќ.

На ова, како што јавија медиумите веднаш рагирал Цакај, со тврдење дека наводите на шефот на српската дипломатија не се точни и дека на Самитот учествуват тројца мннистри за надворешн работи од Косово, со оглед дека и Дачиќ е од косовскиот град Призрен.

– Фактички господине министре Вие требаше да се скандализирате многу порано, бидејќи Косово веќе имаше двајца министри а една поговорка вели „нема двајца, без тројца“. Вие сте од Призрен, нели, меѓутоа ја претставувате Србија, додека јас сум Албенец од Косово а ја претставувам Албанија, му одговорил Цакај на Дачиќ.

Деновиве дипломатски инцидент имаше и на Конференцијата за „Климата во Западен Балкан” што се одржа во Тирана, каде што српската делегација одби да остане со косовската делегација, и двете поканети како дел од оваа важна конференција што ја органзираше албанското Министерство за туризам и животна средина.

Имено, Косово одби да биде застапувано под логото на УНМИК, тврдејќи дека е независна држава. Од друга страна, српската делегација не го прифати учеството на Косово на оваа конференција и си замина.