Суд во Отава денеска издаде забрана за трубење од страна на камионџиите кои веќе цела недела протестираат против владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.
Според решението, со трубењето камионџиите ја нарушувале работата на бизнисите и пречеле во ноќната почивка на жителите на градот. Напуштените камиони треба да се евакуираат.
Блокадата на камионџиите и конвоите во центарот на престолнината на Канада е протест против барањето на властите како на Канада така и на САД, сите камионџии кои ја поминуваат границата да покажат доказ за целосна вакцинација.
Премиерот Џастин Трудо порача дека „протестот мора да запре“.