Судскиот совет на Кривичниот суд во Скопје определи 7,5 години затвор за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој во 2017 година пукаше кон тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров.
– Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ“, информираа од Кривичниот суд.