Супата приготвена од телешките и пилешките коски т.н.„шупливи коски“ претставува природен антибиотк. Изобилува со хранливи материи и лекува многу болести.
Рецептот е едноставен: Една шуплива коска ставете во лонец со многу вода и оставете да врие, а потоа додадете морков, целер, пашканат и кромид. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете тестенини и зачини.
Една чинија од оваа супа го штити организмот и го зголемува имунитетот.
Домашната супа од коски е преполна со хранливи материи кои ги нема во денешната модерна исхрана. Едноставната супа изобилува со минерали како што се: калциум, фосфор, магнезиум и калиум, и тоа во облици кои нашето тело може лесно да ги апсорбира.
Д-р Ејми Мајерс, специјалист за автоимуни заболувања ја препорачува супата на пациенти кои боледуваат од синдромот иритабилни црева. „Желатинот од коските ја штити и лекува слузокожата на цревата од дигестивниот тракт и помага во варењето на хранливите материи.
Овие аминокиселини се важни за здрав стомак и варење.“
Што е заедничкото кај оштетените зглобови и автоимуните заболувања? Тие се често резултат на воспаленија, предизвикани од стрес и лоша исхрана.
„Супата од коски содржи хондроитин сулфат и глукозамин, соединенија кои ги ублажуваат воспаленијата, артитисот и болките во зглобовите. Глицин-аминокиселината која се наоѓа во коските, може да биде многу смирувачка“, вели Мајерс.
Супата од коски содржи колаген, протеин кој при готвењето се формира во желатин. Желатинот од коските придонесува за поздрава кожа, коса и нокти.
За здравјето на вашите деца во првите години е најважно да им готвите ваква супа од шупливи коски. Така ќе бидете сигурни дека изеле нешто здраво и корисно за нивниот организам.