Љубителите на суперхеројски филмови забележале совпаѓање, па дури и трага на навестување за можен спој меѓу „Одмаздници“ (Avengers) на проукциската куќа „Марвел“ и „Неверојатните“ (The Incredibles) на „Пиксар“ и „Волт Дизни“.
Тик-ток монтажата стана интернет-хит меѓу оние „најопседнати“ обожаватели на овој жанр. Во средиштето на теоријата се ликовите на Семјуел Л. Џексон во двете суперхеројски приказни, кои „завршуваат“ на сличен начин… И во двете сцени е вклучен хеликоптер кој паѓа.
Дали е ова некакво навестување за заедничко продолжение, некакво совпаѓање или едноставно – недостаток или „позајмување“ на филмска идеја, допрва ќе се дознае.