Жизел Бундшен ги слави своите 40-ти. Бразилската супермоделка, која има две деца со нејзиниот сопруг, бекот на „Тампа Беј бјуканирс“ – Том Брејди, вели дека се чувствува подобро на 40 години отколку во претходното десетлетие од нејзиниот живот.
– Се чувствувам подобро на 40 отколку на 30 години, и тоа толку многу подобро, сподели Бундшен во емисијата „Диор“ на Филип Пикарди.
Според неа, 40-тите ќе ѝ бидат прекрасни. – За мене, 20-тите ми беа по малку предизвикувачки.
Нема да лажам. Во 30-тите, требаше „да се средам и приберам“… Сега, во моите 40-ти, јас обично велам – „Ајде! Одиме!“, раскажува манекенката.
Филозофијата на Бундшен вклучува сè – од здрава исхрана до духовност, па таа смета дека сите тие нешта се важни за да изгледа и да се чувствува најдобро што може, секој ден.
– Мислам дека сè што правиме, сè што нè крепи, нè храни и ни помага да се чувствуваме добро, природно ни помага и да изгледаме подобро, нели? Јас секогаш велам дека храната е лекот, затоа што храната е многу важна. Како што, ако јадете куп мрсна храна, тешко дека ќе имате навистина добра кожа. Колку повеќе јадете зеленчук, толку поздрава е вашата исхрана – и тоа ќе се одрази на вашата кожа!, објаснува манекенката.
Бундшен смета дека домашниот зеленчук треба да ја замени преработената храна во секојдневието.
„Кога ја јадеме храната жива (непреработена), хранливите материи и витамини нè одржуваат здрави и им помагаат на нашите тела да функционираат подобро. Една од моите омилени работи е свежа храна и билки од нашата заедничка градина“, напиша таа во една објава на Инстаграм.
Во своите мемоари од 2018 година – „Лекции: Мојот пат кон смислен живот“, Бундшен откри дека порано страдала од напади на паника, понекогаш толку силни што довеле до самоубиствени мисли. Така, ѝ биле препишани лекови за справување со нејзината вознемиреност, но таа на крајот открила дека нејзиниот лек се медитацијата, јогата и здравата исхрана.