„Изгледа, звучи и сјае како ѕвезда“ – пишуваат хрватските медиуми за нашата Нела Манческа (12) која на хрватско талент шоу настапи со тешка песна на Витни Хјустон, освои четири „ДА“ од жирито и доби одлични критики.
Нела Манческа (12), од 4 години се занимава со пеење, а моментално е дел од хрватскиот „Суперталент“.
Во краток разговор со жирито, кој се одвиваше на англиски јазик, тие се пошегуваа дека младите деца од земјите од поранешна Југославија веќе не се разбираат на мајчин јазик, бидејќи не се растени во тој период.
За својот настап на аудиција подготви тешка песна од Витни Хјустон, „I Have Nothing“, и едноставно ги остави сите без здив. Гласот и одличната изведба и донесоа четири ДА од жирито.
Настапот на Нела можете да го погледнете ТУКА.