Публицистот Ветон Сурои вели дека повеќе не се дискутира дали ќе има избори во Косово, туку кога тие ќе се одржат во следните три месеци, јави Клан Косова.
Иако во јавноста се доби впечаток дека во случај на избори, победник ќе биде Самоопределување во коалиција со друга партија, Сурои вели дека не е сигурен како ќе се одвиваат изборите, пренесува Танјуг.
Тој посочи дека една од причините зошто граѓаните не излегоа на гласање по конфликтот е тоа што граѓаните сметаа дека сè ќе биде исто, иако гласале.
– Ја поминавме критичната фаза со Ковид и тоа може да произведе гласови за и против партиите. Ќе видиме што ќе донесат изборите, рече Сурои.