(Денеска е 4 октомври според стар стил)
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински.
Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот.
Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора.
Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којшто му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.