Според календарот на МПЦ денеска е Св. маченик Јакинт.
На преминот од први во втори век со Рим управуваше славниот во римската царска историја Трајан. А на неговиот двор живееше овој Јакинт, таен христијанин, по слава далеку помал, а по добродетел далеку поголем од императорот.
За време на една паганска свеченост Јакинт се имаше повлечено во својата соба и додека надвор траеше бесмислениот колеж на животни и уште побесмисленото обожување на статуите, тој му се молеше на единствениот и жив Бог. А кога некој го поткажа за тоа кај царот, Јакинт беше изведен на суд.
Светиот не се откажуваше од Христа под никаква принуда. Го затворија. Му даваа само храна од идолските жртви, која Јакинт оставаше да се натрупува без да ја допре. Имено, во себе се подготвуваше за средба со Бога.
Се упокои по неколку дена во келијата, во 108 година.
Според католичкиот календар денеска е Благословена Девица Марија од ридот Кармела.
Во Светото писмо на Стариот завет, пишува дека на ридот Кармела пророкот Илија ја бранел верата на Исус , наспроти оние кои се поклонувале поради „кривите“ божества. Во дванаесеттиот век, на ридот Кармела се населиле пустињаците кои ја основале дружината која се залагала за спроведување на контемплативниот (молитвен) живот под заштита на света Богородица Марија.