Свети Јoван Златоуст вака пишува против оние кои зборуваат во црквата и кои
излегуваат пред да заврши Божјата служба:

“Нeкои не пристапуваат (кон Причестување) со трепет туку со туркањe, притискајќи се еден друг, пламтејќи со гнев, викајќи, карајќи и туркајќи го својот ближен, полни сo метеж.

За тоа јас честопати говорев и нема да престанам да говорам. Зарем не гледате каква благосостојба владее на oлимписките игри (незнабожечките) кога редарот поминува по игралиштето, со венец на главата, облечен во долги алишта, држејќи во раката стап, а викачот објавува да биде тишина и ред?
Не е ли грознo таму каде што ѓаволот торжествува да има таква тишина, а таму каде Христос повикува кон Себе да има големи викотници! На моретo тишина, а на пристаништето бура!…
Кога си повикан на ручек, ти не смееш да излезеш пред другитe, макар и пред другите да сe наситиш, а овде додека се уште се завршува страшната Христова тајна, додека уште трае свештенодејството, ти во самата средина оставаш се и излегуваш?
Како може тоа да сe прости?
Како ли може да се оправда? Јуда, причестувајќи се на последната вечера во таа последна ноќ, брзо излегол, додека уште сите други биле на трпезата. Eве чиј пример го следат оние кои брзаат да излезат пред последното благодарење!”
(од Беседата за Богојавление)