Според календарот на МПЦ денеска е Св. великомаченица Недела.
Света Недела се родила во Мала Азија и живеела за време на царувањето на Диоклецијан. Се родила како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца.
Кога пораснала станала убава девојка, а телесната убавина ја дополнила со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг.
Нејзината убавина привлекувала многу просители, но таа одбивала да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбудил злите мисли, ги поткажал пред властите света Недела и нејзините родители како христијани.
Сите биле изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случило во 289 година во Никомидија.
Според католичкиот календар денеска е Св. Илија.
Тој бил најпознатиот пророк на Стариот Завет во деветтиот век за време на безбожниот крал Ахаба и неговата сопруга Изабела. Таа го присилувала народот на монотеизам и барала од Израелците да им се поклонуваат.
Пророкот Илија се борел против тоа зло. Господ ги казнувал Израелците, па така настапила суша. На ридот Кармела, Илија рекол дека тој е пророк на живиот Бог, што се докажало тогаш кога тој му се помолил на Господ за една жртва, а тој ја запалил. Во тој случај, 450 пророци биле погубени поради тоа што го заведувале израелскиот народ.