Откако почна со нов ТВ проект и се проба во политиката, сега еден од најпопуларните шоумени во Бугарија, Слави Трифонов го очекува и свадба во поширокото семејство.
Имено, Теодор Трифонов, омилениот внук на славниот водител на забавни емисии, најверојатно ќе се жени. А пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, „убавата и ’бујна‘ бринетка“ многу му се допаднала на Слави, меѓу другото, поради тоа што е и интелигентна.
3а јавноста е познато дека претходната девојка на Теодор, познатата пејачка Aнeли Никoлoвa не била во добри односи со Слави оти, наводно, ја користела својата врска за да стекне публицитет и слава, и постојано се фалела дека е „снаа на Слави“. Теодор и Анели раскинаа пред една година.
Теодор и новата избраничка, наводно, неколку месеци живеат заедно и имаат сериозни намери.