Главниот научник во Светската здравствена организација, Соумија Сваминатан изјави денеска дека резултатите од клиничките тестирања на вакцината КјурВак биле разочарувачки.

Германската биотехнолошка компанија КјурВак се покажала ефикасна во 47 отсто случаи во текот на тестирањата.

– Беше разочарувачко да се видат резултатите од тестирањето на КјурВак, изјави Сваминатан на прес-конференција.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти вчера дека не е подготвена да наметне праг на ефикасност од 50 отсто за вакцините против Ковид-19, додавајќи дека и се потребни целосни податоци од испитувањата за добро да ги процени користа и ризиците од вакцините