Повеќе од 180 земји во светот ветија дека ќе учествуваат во напорите на Светската здравствена организација (СЗО) за финансирање на вакцините против Ковид-19, што ќе бидат дистрибуирани праведно и на богатите и на сиромашните земји, изјави главната научничка на СЗО, Сумија Сваминатан.
Бројката, која Сваминанатан денеска ја соопшти на медиумите, претставува зголемување во однос на 170-те земји, вклучувајќи ја и Кина, што беа објавени во петокот од Алијансата за вакцини ГАВИ, која соработува со СЗО во финансирањето на глобалниот план за вакцинација КОВАКС.