По повод празникот Ѓурѓовден, во Струга традиционално по 16-ти пат се одржа свечена литија со моштите на св. Ѓорѓи Победоносец.
Илјадници верници од сите градови во Македонија присуствуваа на свечениот дочек на моштите на св. Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица. со светата богослужба за прв пат чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
Со тоа, моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец и неговата чудотворна икона ја осветија Струга. Голем број верници од земјава и странство му се поклонија на светецот и беа дел од дрвената традиција.
Литијата помина низ главната улица покрај реката Црн Дрим, по шеталиштето, низ чаршијата и заврши во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде последен поклон и целив на моштите им оддадоа верниците.
Литијата е порака за мир, љубов и обединување на народот.
За стружани ова е весел ден на кој му се радуваат како на Воскресението Христово.