Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-та класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Заклетва положија вкупно 59 кандидати – 31 питомец и 28 слушатели. Дополнително, дел од Академијата ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора.
На свеченоста присуствуваа претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, деканот на Академијата полковник проф. д-р Ненад Танески, како и високи претставници од Армијата, дипломатскиот кор и роднини на питомците.




