Голгота на државната Клиника за неврологија. Тетовското семејство, кое се обрати до редакција на „Курир“, праќа апел за помош да се спаси нивната мајка која наместо на итна операција, ја испуштаат дома од Клиниката за неврологија, откако фатила корона во болницата.
-Се бројат часови и минути да се спаси животот на нашата мајка, велат роднините на пациентката кои апелираат на помош од министерот Филипче и надлежните од клиниката.
Пациентката од Тетово, жена, мајка на две деца, со констатиран тумур на мозкот во критична состојба лежи неподвижна на Клиниката за неврологија во Скопје и 12 дена чека да биде оперирана.
Наместо операција, за што имала и претходно два негативни теста од корона, пациентката фатила ковид 19 во Клиниката по што е повикано нејзиното семејство да ја земат од клиниката известувајќи дека нема да се оперира пациенката.
Семејството во болка раскажува за голготата која трае цели 12 дена на државната клиника.
Заглавени низ лавиринтите сведочат за хаосот кој се случува во клиниката за неврологија каде и лично работи министерот Филипче.
-Мојата мајка ја донесовме пред 12 дена, направивме 2 негативни ковид теста. Требаше да се оперира од тумур на мозокот кој ја направи неподвижна и со моменти на губење на свест. Во петокот требаше да и прават операција, наместо тоа специјализантка не извести да ја земеме неподвижната мајака зошто фатила ковид вирус. Нема дилеми дека вирусот е фатен тука на клиниката. Ние одбивме да ја превзмеме, бидејќи на тој начин ја осудуваме на сигурна смрт. Дополнително дома ја чека нашиот татко кој е тежок шеќераш, немаме никакви услови да одговориме на третманот кој треба да го добие нашата мајка. Ем ја заразија со ковид ем несакаат да ја оперираат. Ова не е здравство, ова е руина, низ солзи во очите раскажува еден од двајцата синови кој се бори за животот на својата мајка молејќи да остане на клиниката и да се спаси нејзиниот живот.
Синот на С.Т од Тетово вели дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно и дека на такво нешто не се согласиле.
Во разговор со еден од докторите тој го убедува семејството да ја земат мајка им дома, бидејќи како што самиот вели бројката на мртви од корона е 5 пати поголема од таа што се кажува во јавноста и дека како клиника не се воопшто подготвени да се справат со ковид случаи бидејќи немаат соодветни услови.
Аудио :
Доктор од клиника: Значи државава има околу 1.100 дневно (заразени од ковид)
Син на пациеткната: Пратимо ситуација, се.
Доктор од клиниката: Значи со по 30 мртви, регистрирани на ден. Сметајте дека пута 5 е реалната бројка на све.
Син на пациеткната: Сега она фактички овде е заболена на …
Доктор од клиниката: Да, и сега знаете што е проблемот? Што е проблемот?
Син на пациентката: Затоа ќе ве замолам да ни објасните.
Доктор од клиниката: Ние немаме изолација.
Од аудиотo се слуша дека роднините на пациентката се револтирани што им се подметнува да поптишат отпусна листа каде стои дека семесјтвото се согласило да ја оревземе. Синот на пациентката вели дека не може неговата мајкa да се согласила на тоа затоа што не е во свесна состојба, а тој такво нешто не потпишал. Докторот ги упатува да си разговараат со директорот на клиниката кој на работа би бил од понеделник.
Аудио:
Син на пациентката: Може да ми објасните што е проблемот со пишаново тука?
Доктор на клиника: Со кое пишано?
Син на пациентката: Тука има лажни, невистинити, мило ми е јас сум
Доктор на клиника: Значи по однос на тоа што го пишува на извештајот треба да го консултирате оној кој што го издал извештајот и тој кој што ја води пациенката јас во овој момент сум одговорен за оваа состојба кој што е во моментот.
Син на пациентката: Дали може јас да ви објаснам од старт како било што било?
Доктор на клиника: Може
Син на пациентката: Пошто гледам имате разбирање, од Тетово пациенката се препраќа овде на неврохирургија зошто е донесена овде за операција така? Нас ни се јавуваат значи сестрата Јасминка значи ова цела збрка е од нејзе, а дали некој нешто и рекол нејзе, така да постапи не знам. Ми се јавува значи понеделник ние бевме во петокот беше колега ваш црномањест тој сеа специјализира со наочари да рече … во понеделник е на листа за операција. Понеделник ние доаѓаме, Јасминка и се јавува на брат ми, дали идете ние веќе сме на влез во Скопје, да идиме, доаѓаме значи со намера да потпишеме за операција. И сега е наведено, цел персонал знае дека семејството одбило за операција.
Доктор на клиника:Значи вака видете јас по однос на таа состојба, пациенката е од претгходната група сега ротираме на две епидемиолошки групи
Син на пациентката: Да знаеме две недели со две недели
Доктор на клиника: Точно
Доктор на клиника: Значи тоа најдобро треба да разговарате со докторот кој што ја примил иницијално, бидејќи тој е надвор од групава а ја превзел Доктор Шумковски… кака што разбрав значи треба да разговарате со нив по однос на наведените работи во извештајот.Јас ниту сум го пишал ниту сум го издал овој документ значи тоа треба да разговарате со нив
Син на пациентката: Сега тоа се префрла ама ние ова не го прифакаме
Доктор на клиника: Значи јас не можам да го сменам тоа тоа е веќе влезено во систем значи јас не смеам да извадам документ на тој пациент значи вие треба да разговарате со матичниот неврохирург.Побарајте го него и посочите ги овие работи на кои што имате забелешка
Син на пациентката:Јас доаѓам од Тетово да потпишам
Доктор на клиника:Значи за оваа работа има одговорен на клиниката
Син на пациентката: Да
Доктор на клиника: -Значи ниту имам ингеренции ниту можам да сменам значи има директор тој е секој дена на работа значи вие може да разговарте со него и да ги кажете вашите забелешки по однос тоа ќе видите да се корегира или да ја кажете вашата верзија хиирургот да ја објасни својата гледна точка на оваа работа, значи јас во овој момент како можам да ви помогнам што можам да направам за вас.
Син на пациентката: Од ваша страна,ние овие документи н ги прифаќаме,значи таа сестра што била како се викаше Јасминка значи не може да ја праша мајка ми за операција дали ќе го потпише докуметов или не кога мајка ми не знае ни како се вика камо ли да потпише некој документ, и на крај навела дека ние сме одбиле операција.
Доктор на клиника: -За кој што има како кажавте пред малку дикутабилни значи е одговорен директорот он може да ја реши оваа работа…
Воедно синовите на пациентката реагираат и на тоа што во отпусната листа стои единствено дека фатила ковид, но и не дека претходно 12 дена лежела во болница со два негативни тестови за корона.
Аудио
Син на пациентката: Да и друго, значи примена е значи треба тест да се направи па за да се прими, по протокол примена е со негативен тест дали е уште еден тест негативен зошто никаде не е наведено само е наведено дека е позитивна сега
Доктор на клиника: Се разбираме
Син на пациентката: Значи ние бараме да биде наведено дека пациенката е со два негативни теста значи примена е два негативни сега излага позитивна а не дека сме одболе операција 12 или 13 ден е ова.
Син на пациентката: :Дај ја папката молим те затоа што ситуацијата е сериозна.
Доктор на клиника: Значи вие сакате да ме разберете мене. Значи јас сум денеска тука во мометов сум тука ако е нешто хитно…
Син на пациентка- Те разбирам, Вие ни најмалку не сте криви за ова……
Доктор на клиника- Значи секое незадоволство, протоколот е се решава преку директорот….Значи ќе си појдете ќе си разговарате ќе ги кажете вашите работи и последователно ..јас не можам да ви помогнам
Очекуваме одговор од министерството за здравство во текот на денот. Дали ќе се изврши итна операција на пациентката чиј што живот е загрозен. Семејството вели дека најважно е да се спаси животот на мајката и молат за итна помош од надлежните.
Извор: Курир