Анонимна ученичка во САД сподели дека нејзините родители ја принудуваат да оди на училиште и покрај тоа што е позитивна на корона вирусот, пренесуваат некои американски медиуми:
„Позитивна сум на Ковид, но моите родители ме принудуваат да одам на училиште бидејќи мислат дека ќе добијам помали оценки ако отсуствувам. Знам дека ова треба да го пријавам и дека си играм рулет, но знам дека родителите ќе ме убијат ако дознаат дека не сум на часовите или дека сум пријавила дека сум позитивна.
Ако пријавам, тие дефинитивно ќе знаат дека јас сум го сторила тоа и ќе бидам во голема неволја. Се обидов да ги разуверам и да ми дозволат да останам дома, но не сакаа да слушаат, тврдејќи дека се ќе биде во ред, дека јас сум наивна и со меко срце, дека и други ученици веројатно одат на училиште и покрај тоа што се позитивни, дека јас немам сипмотми и бла, бла, бла…, се вели во сведоштвото на анонимната ученичка.