Едно од сведоштвата на луѓето на кои исхраната од бистрото Здраво Живо им помогнала таму каде што друго не можело да помогне. Бистрото постои 10 години, а идејата е дека преку термички необработена храна може да се регулира здравствената состојба и тоа кај мошне сериозни ситуации. За проблемите како што се слабеење и слично, нема потреба ни да се зборува. Ова е сведоштво на лице со Кронова болест:
„Кога пред две недели дојдов, здебелена, и побарав храна за слабеење, не ти кажав дека има Кронова болест – автоимуно заболување на дигестивниот тракт проследено со крварења. Долго време сум на терапија со сулфасалазин, од две до четири таблети на ден на оброк и така ги спречувам крварењата. Лекот си делува и живеам нормално, но не помислив дека после три недели жива исхрана, нема веќе да ми бидат потребни (таблетите). Веќе седми ден сум без терапија и без крварење што беше незамисливо. Ти благодарам за се. Не можам да ја опишам среќата.
Досега не се обидував да забременам поради ризиците од збаолувањето. Но, ако ова продолжи да делува ќе ми го смени животот.“