Не престануваат реакциите на последното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, во кое вели дека „бугарската војска не била фашистичка и окупаторска во Македонија, туку дека биле администратори“.

Денеска на Фејсбук е објавена фотографијата од Охрид со спомен плоча од периодот за кој говори Заев.

На спомен-плочата јасно пишува „кој сторил и што сторил“. Истата е подигната во 1983 година и тоа од партијата чии традиции продолжува СДСМ на Заев.