Денеска, на денот кога се празнува светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец, во храмот „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештеници од Дебарско-кичевската епархија.

На крајот од Божествената Литургија, кон големиот број на верен народ со празнична свечена беседа се обрати Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

По Литургијата митрополитот г. Јосиф ги прекрши и благослови празничните лебови. (Крај)

извор: liturgija.mk фото: liturgija.mk