Манастирите во Света гора, од вчера, па се до 30 март 2020 година, се затворени за посетителите и верниците, со одлука на управните органи, но и на Светата заедница за усогласување со одлуката на грчката Влада за превентивните мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објавија грчките медиуми, заменик – управителот Аристос Касмироглу конкретната одлука ја доставил до Светата заедница.

Претходно, Светата заедница, што е и највисокиот орган на Света гора на одржаниот состанок, ја прифатила одлуката на грчката Влада што се однесува на затворањето на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција.

Одлуката не важи за оние кои работат на полуостровот Атос.