Осветената вода претставува Божја благодат: таа ги чисти од нечистотија оние кои веруваат, ги осветува и закрепнува на подвиг на спасение во Господа. Прв пат се потопуваме во неа на Крштението, кога со примањето на Светата Тајна трипати се потопуваме во крстилницата наполнета со света вода.
Светата вода во Светата Тајна Крштение ја симнува духовната нечистотија од човекот,го обновува и го препородува за нов живот во Христа.Светата вода задолжително се користи кога се осветува црква и свети предмети, кои се употребуваат за време на богослужбите,кога се осветуваат домови или некои предмет од домакинството .Со света вода не’ попрскуваат на литиите,на молебните.
На Богојавление секој православен христијани носи шишенце со света вода,внимателно ја чува како најсвета светиња,земајќи ја со молитва за време на болест или немоќ.
На самиот ден Богојавление црквата дозволува со таа водичка да се попрскаат сите соби и ќошиња во домот и сите членови на семејството да ја пијат колку сакаат. Но во сите други денови од годината, со богојавленската водичка не смее ништо да се прска, освен да се пие поради болест. И здравите ако сакаат мораат денот кога постат, да пијат од таа вода наутро.
Доколку целото количество на богојавленската водичка не се потроши во текот на годината, остатокот, кога ќе стигне новата богојавленсак водичка се истура во бунар, во река или во цвеќе. Во секој случај таму каде што нема да се изложи на газење и обесветување.
Свети Димитриј Херсонски пишува:„Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести“.
Преподобниот Серафим Саровски на поклониците по исповед секогаш им давал да се напијат по една чаша богојавленска вода.
Преподобен Амвросиј Оптински му испратил шише со света вода на болниот на смрт и неизлечивата болест исчезнала на изненадување на лекарот.
Старецот еросхимонахот Серафим Вирицки советувал производите и храната да се попрскуваат со крстовденска вода,која,според неговите зборови„се’ сама осветува“. Кога некој бил тешко болен старецот му давал благослов да зема по една лажичка осветена вода на секој час.Старецот кажувал дека нема посилен лек од светата вода и од светото масло.
Чинот на водосвет кој се извршува на Богојавление,се нарекува голем водосвет,заради посебно свечениот чин,кој е проткаен со сеќавање на крштението Господово ,во кој Црквата не гледа само таинствено очистување од гревовите,туку и вистинско осветување на природата на водата преку потопување на Бог во тело во неа.
Големото осветување се извршува двапати годишно -на Богојавление,како и вечерта пред овој ден,на Водокрст.
Некои верници по грешка мислат дека водата,која е осветена во овие два дена е различна.
Всушност,на Водокрст и на Богојавление чинот на осветување на водата е ист.
Уште Свети Јован Златоуст велел дека,светата богојавленска вода со години останува свежа,чиста и пријатна,како во тој момент да е наполнета од некој жив извор.
Какво чудо на Божјата благодат, кое и денес може да го види!
Според верувањето на Црквата,светата вода не е обична вода од духовно значење,туку нова твар,духовно телесна твар,заемна врска на Небото и на Земјата,на благодатта и на материјата.
Еве зошто големото водоосветување според црковните канони се смета како понизок степен на Света Причест:
во случаите кога на некој член на црквата,заради сторени гревови му се наложува епитимија и забрана за пристапување кон Светите Тело и Крв Христови,има исклучок во каноните:
„Да пие богојавленска вода“.
Водокрсната вода е светиња, која треба да се чува во домот на секој православен Христијанин.
Таа внимателно треба да се чува во аголот кај„домашниот иконостас“.
Освен водокрсната вода,православните Христијани често користат вода,која е осветена на молебните(мал водосвет),а кој се врши во текот на целата година.
Мал водосвет Црквата задолжително прави на денот на изнесувањето на Чесниот Крст Господов и на Преполовение,кога се потсетуваме на зборовите на Спасителот,исполнети со најдлабока смисла,кои ги упатил на жената самарјанка:
„А кој пие од водата,што ќе му ја дадам Јас,нема никогаш да ожедни;таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“(Јован.4,14).
Светата водокрсна вода треба да се зема на празен стомак со просфората по утреното правило,со посебна побожност како светиња.
„Затворник Георгиј Задонски велел:
„Кога човек употребува просфора и света вода,од него нечистиот дух,душата и телото му се осветуваат,мислите му се возвишуваат за угодување на Бога и човекот станува склон кон пост,молитва и секаква добродетел“.