Денеска според календарот на МПЦ е свештеномаченик Патрикиј.

Свети Патрикиј бил епископ на Бруса. Тој заедно со тројца презвитери -Акакиј, Менандар и Полиен, пострадал за христијанската вера за време на владеењето на римскиот цар Јулијан Отстапник, кој имал намера да го поврати лажниот сјај на паганските култови.

Сите овие беа доведени пред врела вода и царскиот намесник од нив бараше јавно да се откажат од Христа.

Но, откако цврсто ја исповедаа верата во едниот Бог, на сите им беа отсечени главите.

Според католичкиот календар денеска е Св. Јустин.

Бил роден во вториот век, во Самарија. Ја проучувал филозофијата. Одлучил да стане христијанин. Како филозоф патувал и го ширел Христовото учење.

Во своите записи му се обраќал на царот Марко Аурелиј, кој бил филозоф, и му докажувал дека христијанската вера е единствената вистинска филозофија. Поради тоа, бил изведен пред царскиот суд. Бил осуден на смрт.

Свети Јустин и неговите ученици му се молеле на Господ и неговиот син, Исус Христос. Поради тоа, им биле отсечени главите. Свети Јустин бил битен сведок во најраното христијанско време.