Српската актерка Светлана Бојковиќ (74), која македонската јавност најмногу ја препознава по улогата на Емилија Попадиќ во тв-серијата „Подобар живот“ е хоспитализирана поради корона вирус, објавија српските медиуми.
Бојковиќ е во болница бидејќи има воспаление на белите дробови. Но, нејзината состојба е стабилна. Во болница е поради тоа што порано имала кардиоваскуларни проблеми.
-Точно е, во болница сум, но добра сум. Излегувам за неколку дена, изјавила за „Нова.рс“.