Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 159.751 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.961, а оздравени се 75.959.

Чешка – Премиерот на Чешка не исклучува воведување целосен карантин за државата. Таму има 214 потврдени случаи, 25 повеќе од вчера.

Казахстан – Од утре вонредна состојба во траење од еден месец поради коронавирусот.

Британија – Изолирање на луѓе над 70-годишна возраст за четири месеци е дел од планот на британската Влада за справување со ширењето на новиот коронавирус. Детали за тоа ќе бидат претставени во следната недела, соопшти Мат Ханкок, британски министер за здравство. Полицијата во Британија ќе добие дозвола да апси лица кои прекршиле правила за самоизолација

Австрија – На жителите на Тирол им е забрането да ги напуштаат домовите.

ЕУ – Министрите за финансии на ЕУ ќе имаат утре средба (телеконференциска) за мерките за рестартирање на економиите и влијанието на коронавирусот.

Израел – Затворена е џамијата Ал Акса во Ерусалим.