Веста за смртта на 9-годишната ќерка на поранешниот тренер на Барселона и шпанската репрезентација, Луис Енрике го потресе светот на фудбалот.
Трагичната вест ја објави лично Енрике на неговиот профил на Твитер, откривајќи дека Хана ја изгубила битката со ракот на коските. Поради прогресијата на болеста кај детето, Енрике посака да биде ослободен од репрезентацијата на Шпанија, истакнувајќи за причината „длабоки лични причини“.
До неодамна, само членовите на семејството Енрике знаеја за болеста на Xaнa, која тој ја држеше подалеку од центарот на вниманието.
Неговата сопруга Елена Квиел, со која се заедно од 1997 година, никогаш не била јавна личност. Двојката има уште две деца – синот Пачо (19) и ќерката Сира (18). Веќе во првите минути по објавувањето, тој доби многу пораки од поранешни и сегашни играчи, кои изразија сочувство за огромната лична загуба.
„Моето сочувство до Луис Енрике и неговото семејство во ова најтешко време. Ние сме со вас“, напиша Лионел Меси во Инстаграм.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос исто така не остана рамнодушен.
„Целата наша поддршка и љубов се за вас и вашето семејство. Нема зборови за утеха, но ние секогаш ќе бидеме тука за вас“, напиша Рамос.
Пораки напишаа и Алваро Мората, Гаиска Мендиета, Давид Силва, Серхио Бускетс, Жерард Пике, дури и францускиот клуб Ница се приклучи на бесконечниот список.
„Искажуваме искрено сочувство на Луис Енрике и неговото семејство. Сите наши мисли се насочени кон нив“, напиша во официјалниот профил на Твитер.