Светот се соочува со хуманитарна катастрофа поради криза со храна која е последница на рускиот напад на Украина, истакнува претседателот на Светската банка Дејвид Малпас.
Малпас во интевју за Би-Би-Си вели дека рекордниот раст на цената на водата води стотина милиони луѓе во сиромаштија.
-Тоа е хуманитарна катастрофа, што значи дека исхраната ќе се намалува. Но, тогаш ќе стане политички предизвик за владите кои не можат ништо да направат по тоа прашање, тие не го предизвикале, а гледаат дека цените растат, вели Малпас.
Светската банка предвидува дека би можело да дојде до огромно зголемување на цената на храната од 37 проценти, кое најмногу ќе ги погоди сиромашните.
Претседателот на СБ смета дека сега фокусот треба да се стави на зголемување на помошта во храна за земјите во развој и на зголемување на производство на храна, енергија и ѓубриво за да се надокнади недостатокот на храна и порастот на цените поради војната во Украина.