Светската банка соопшти дека ќе обезбеди 200 милијарди долари за периодот 2021-2025 за финансирање помош на држави во развој за борба со промените во климата.
Тоа е двапати поголема сума во споредба со претходниот петгодишен период.

Соопштението беше објавено по почетокот на 24-та конференција на ОН за климата во Полска.

Развиените држави се обврзуваат да зголемат до 100 милијарди долари отсега до 2020 година државно и приватно финансирање на политиката за климата на државите во развој. Сумата од 200 милијарди долари ќе вклучува 100 милијарди долари директно финансирање од Светска банка.