Нирмал Пурџа од Непал тврди дека поставил нов светски рекорд за најбрзо искачување на сите врвови повисоки од 8.000 метри на Земјата.
„Мисијата е завршена!“, напиша планинарот откако се искачи на Шишапангма, последниот врв од листата што му преостануваше.
Тој лани доби признание за искачување на три од петте највисоки планини за пет дена, три часа и 35 минути.
Пурџа, неофицијално, ги искачи врвовите за седум месеци, а досегашниот рекорд беше седум години, 11 месеци и 14 дена.