Македонски кикбоксер Бобан Илиоски ја одбрани светската титула, откако синоќа во Женева го совлада Кадри Мурсели од Франција.
Илиоски доминираше во мечот и заслужено го сочува тронот во својата категорија.
Ова е втора година по ред Илиоски да е светски првак во ВАКО-Про до 88,6 килограми категоријата К1.
Минатата година Македонецот во Скопје го победи Берк Дузенли од Турција во мечот за титулата.