Кошаркарската репрезентација на Франција е првиот финалист на ЛОИ во Париз, откако во полуфиналето ја совладаа селекцијата на светскиот првак Германија со 73-69.
Најефикасен во победничкиот состав беше Жерсон Јабуселе со 17 поени, еден помалку додаде Кординие, додека кај Германија најдобар поединец беше Денис Шрудер со 18 поени.