Петти ден по ред, СДС атакува на новиот државен јавен обвинител Ненад Савевски. По Богданка, Шмрчко, анонимниот генерален секретар и ликот кој не знае што значи НАТО, редот неосновано и неаргумантирано да удри по него дојде и на „лидерот“, попознат кај народот како Заев Трети (Втори беше Таче), пишува Курир.

И така, во уплав од претстојните дејанија во ЈО и неминовноста наречена ОТВОРАЊЕ на ФИОКИТЕ НА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ, „лидерот“ на СДС, Венко Филипче,  обвини дека државниот јавен обвинител Ненад Савески наводно постапувал под директно влијание на премиерот Христијан Мицкоски, „стручно“ оценувајќи дека станувало збор за некаква си сериозна партизација на правосудниот систем?! Не кажа од каде кај еден неврохирург таа експертиза и стручност за да увиди партизација, дали можеби и од нивното 7-годишно владеење/дивеење со Македонија, дали сонил, или, пак, можеби Шмрчко му кажал по некоја црта?

Во интервју за МРТ 1, инаку 6-то неделава по МК медиумите (којзнае зошто толку многу го „има“ пустиот?), надобудниот доктор Филипче правно-експертски посочи дека одлуките за одземање предмети од обвинители, како и последните случувања во обвинителството, не можеле да се објаснат поинаку освен како политички диктат. Нема врска што  цел свет знае зошто и беа дадени на Ленче, десната рака на Катица која заврши во ќорка за рекет, но тоа нема врска, нели?

Токму затоа, експертот за право чиј црпнат лидер го „распупи“ судството и киснеше по ЈО и СЈО како да нема дома,  ја спомена и оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека, замислете, станувало збор за притисок врз „професионалци“ кои работеле на чувствителни случаи. Чувствителни, да, измислени поверојатно. Професионалци, не, никако…

Правниот експерт Филипче предупреди дека ваквите потези да ти значеле враќање на политичко влијание врз судството и обвинителството, исказ со кој покажа дека и „ќорава кокошка знае да убоде по некое зрно“, а секој нормален граѓанин веднаш логично помисли на периодот од 2017-та до 2024-та, црн период за државата и правосудството кога Кацарска, Катица, Јовески и  Рускоска беа на „спид дајл“’ на мобиљката на Зоки од Муртино и неговата екипа. Во која, пак замисли, беше и Венко.

Експертски, паталецот и негаталец додаде дека партизацијата не е изолиран случај, туку дел од поширок процес на поставување партиски кадри во клучни институции.

Она, кога знаеш од прва рака…

Извор: Курир