Полициски службеници од СВР Охрид вчера околу 15:30 часот во Охрид го лишиле од слобода А.И.(45) од Охрид. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

Како што информира МВР,  тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.