Тетовската полиција казнила 28 лица кои како пешаци направиле прекршок, вчера од 10 до 15 часот, информира денеска СВР Тетово.
-При контролата, откриени се и соодветно санкционирани 11 лица кои преминувале улица надвор од пешачки премин, 11 поради непочитување на светлосните знаци и шест поради некористење на тротоари. Една казна има за други видови прекршоци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Откриените прекршоци заокружени се со 22 платни налози и 20 покани за присуство на сообраќајна поука, како и со писмени опомени.