Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес вчера по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во село Ореше, Велешко, заради сомнение за извршени кривични дела: недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали и предизвикување општа опасност.
При претресот, како што соопшти МВР, пронајдени се предмети поврзани со истрагата, а лицето е приведено во ПС Велес.
Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 3 мај 2020 во село Ореше.