Осумдесет и тригодишник пријавил дека во дворот од семејната куќа физички бил нападнат од 23 годишно лице во Криволак, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Пријавата била во СВР Велес, во неделата во 17.20 часот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.