Светската здравствена организација денеска повика на хуманитарна пауза во израелското бомбардирање на Газа за да им се овозможи пристап на тимовите за помош.
„Затворањето на влезните и излезните точки за пациентите и хуманитарните здравствени тимови и строгите ограничувања на испораката на медицински материјали ја влошуваат оваа јавна здравствена криза“, наведе во соопштение Ахмед Ал-Мандари, регионален директор на СЗО.
Тој додава дека сериозноста на повредите при гранатирањето дополнително го оптеретува веќе преоптоварениот здравствен систем, на кој му недостасуваат основни лекови и ресурси додека се бори против пандемијата со Ковид-19.
Генералниот директор на СЗО за Западниот брег и Газа, Рик Пеперком, рече дека конвојот на ОН со хуманитарна помош, вклучувајќи 10.000 вакцини Синофарм против коронавирус и за ранетите, е подготвен да влезе во Газа веднаш штом ќе се овозможи пристап.