Секои 24 секунди еден човек гине во сообраќајни несреќи во светот или вкупно 1,35 милиони годишно, и тие несреќи сега се водечка причина за смрт на деца или млади, објави денеска СЗО.
Тие побараа соодветен глобален одговор.
Бројот на загинати во изминатите три години е зголемен за околу 100 илјади, а сообраќајките сега се водечка причина за смрт на деца и млади на возраст од пет до 29 години, наведува СЗО.
– Таква смрт е неприфатлива цена за мобилноста. Нема изговор за недејствување. Тоа е проблем за кој има решенија, нагласи Тедрос Адхан Гебрехесус, директор на СЗО.
Во претходниот извештај што опфаќаше период до 2013 година бројот на загинати во сообраќајки беше 1,25 милиони годишно.