Од почетокот на пандемијата, во светот биле заразени со коронавирус околу 140,8 милиони луѓе, а повеќе од три милиони пациенти починале од последици од Ковид-19.
– Досега администрирани се околу 780 милиони вакцини во светот, изјави денеска претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.
– И покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во процесот на имунизација во 194 од вкупно 220 земји во светот, постои очигледна диспропорција во дистрибуцијата на вакцините на глобално ниво, рече Вујновиќ во интервју за ТАСС .
Таа посочи дека повеќе од 87 проценти од употребените вакцини биле администрирани во богати или побогати земји, додека само околу 0,2 проценти од вкупниот број испорачани дози биле користени во сиромашните.