Животот на еден милион луѓе ширум светот годишно можат да се спасат до 2050 година ако се почитуваат целите за намалување на загадувањето на воздухот зацртани во Парискиот договор, стои во извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Извештајот на СЗО, објавен на конференцијата на ОН за климатски промени во Катовице, Полска, ги истакнува ефектите кои човековите активности кои го произведуваат загадување го имаат врз здравјето на луѓето и предлага можни решенија за креаторите на политиките ширум светот, јави ДПА.
– Вистинската цена на климатските промени се чувствува во нашите болници и во нашите бели дробови, изјави Марија Неира, шеф за јавно здравје на СЗО.
– Кога се зема предвид здравјето, ублажувањето на климатските промени е можност, а не цена, додаде таа.
Главниот двигател на климатските промени – согорувањето на фосилните горива – исто така има голем придонес во загадувањето на воздухот, и предизвикува седум милиони смртни случаи во светот годишно и предизвикува загуба од 5,1 трилиони долари во системите за социјална заштита, истакнува СЗО.
Во 15 земји кои испуштаат најмногу гасови со ефект на стаклена градина, влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето изнесува повеќе од четири проценти од нивниот БДП, проценува СЗО.
Околу 200 претставници на земји од целиот свет држави се собраа во Катовице за да се фокусираат на усвојувањето на правилата за финансирање и спроведување на Парискиот договор од 2015 година.