Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на коронавирусот во Кина денеска ја посети болницата во Вухан во која беа лекувани првите пациенти со Ковид-19, пренесуваат американските медиуми.

„Прва средба лице в лице со нашите колеги. Корекција- маска во маска, во согласност со епидемиолошките мерки”, потврди денеска холандската експертка за вирусологија, Марион Копман, на Твитер со нејзините кинески колеги.

Членовите на тимот експерти беа во болницата во Вухан, каде, според официјален кинески извештај, пред повеќе од една година биле третирани првите случаи на Ковид-19, болеста која тогаш била оценета само како „воспаление на белите дробови од непознато потекло“, додаваат американските медиуми.