Светската здравствена организација (СЗО) поддржа да остане во сила глобалната мерка за вонредна состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Пандемијата останува глобална здравствена вонредна состојба, изјави тој по седницата на Комисијата за итни случаи при СЗО, одржана преку видео конференциска врска.

Гебрејесус додаде дека следниот состанок на Комисијата за борба против коронавирусот ќе биде свикан во рок од 90 дена.

Комисијата за итни случаи, составена од 18 експерти и 13 консултанти, одржа вчера видео седница. Вонредната состојба е во сила од 30 јануари.