Новиот коронавирус е десетпати повеќе смртоносен од вирусот на свински грип А (H1N1) што се појави во Мексико во март 2009 година, соопштија денеска СЗО, повикувајќи на бавно повлекување на карантинските мерки.
„Податоците собрани во неколку земји ни даваат појасна слика за овој вирус, неговото однесување и како можеме да го спречиме“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.
„Знаеме дека Ковид-19 се шири брзо и дека е 10 пати посмртоносен од вирусот што предизвика пандемија на грип во 2009 година“, додаде тој.
Ако пандемијата на новиот коронавирус убила 115.000 луѓе ширум светот од нејзиното појавување во Кина во декември, грипот А (Н1N1) однел 18.500 животи, според СЗО.
Сепак, медицинското списание Лансет проценува дека бројот на смртни случаи е помеѓу 151.700 и 575.400.
Пандемијата предизвикана од вирусот А (H1N1) доведе до масовни кампањи за вакцинирање. Подоцна, западните земји, особено европските земји и СЗО, беа критикувани за прекумерно мобилизирање затоа што сезонскиот грип одзема животи меѓу 250.000 и 500.000 луѓе секоја година, според СЗО.
Шефот на СЗО рече дека на крајот на краиштата ќе биде неопходно да се развие и дистрибуира безбедна и ефикасна вакцина за целосно прекинување на пренесувањето.
– СЗО во моментов нема докази дека лековите за маларија, како хлорохин и хидроксихлорикон, се ефикасни во борбата против коронавирусот, изјави Мајкл Рајан, директор на СЗО за управување со здравствени вонредни состојби. Тој одадде дека во тек се резултати од анализи.