Светската здравствена организација (СЗО) денеска им препорача на сите земји внимателно да пристапат кон плановите за претстојната сезона на зимски одмори со цел да се спречат отворените ризици од ширење на коронавирусот поради собирање на повеќе луѓе во мали простори во зимските скијачки центри.

СЗО избегна да даде некакви специфични препораки до владите кои сè уште не донеле одлука дали ќе дозволат зимски туризам оваа сезона.

– Апелираме до сите земји многу, многу внимателно да ги проценат ризиците од масовни собири во зимските ски центри, изјави експертот за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан.