СЗО : Секој ден милион луѓе се разболуваат од сексуално преносливи болести

/ 06.06.2019

Над милион луѓе од целиот свет дневно се разболуваат од сексуално преносливи болести , објави денеска Светската здравствена организација.

Најзагрижувачки за докторите од СЗО е што меѓу заразите најчести се хламидија, гонореја, трихомонијаза и сифилис. Овие болести , иако бргу се шират , може да се лекуваат , освен гонорејата , која развива посебни облици што тепко се лекуваат со постојната антибиотска терапија.

,,Сексуално преносливите болести се насекаде. Многу се почести отколку што мислиме .” рече на прес конференцијата во седиштето на СЗО во Женева, докторката Теодора Ви.

Колку се опасни овие болести , покажува фактот дека во 2016 само како последица од мајки заболени од сифилис , починале 200 илјади новороденчиња.


Од истата категорија