Denesen.mk
21.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЦКОСКИ: Во подготовка 17 проекти вредни 650 милиони евра, земјоделието со рекордни резултати

21-годишник од С. Николе крвнички ја тепал бремената девојка, ја онесвестил и ја заклучил во соба 15 часа

Д-Р ХАЛШЕР: Има повеќе од 100 студии кои ја покажуваат поврзаноста на мНРА вакцините за Ковид со појавата на канцер

Екс офицер на ЦИА раскажува како руската служба обучува тајни агенти за САД од двегодишна возраст во посебен град во Русија

МИЦКОСКИ: Ако фирмата што ги ангажирала работниците за работа во странство платила данок, нема да треба тие да го сторат тоа

Свет

СЗО: Третиот бран на коронавирус во Африка може да биде најлош

/ 24.06.2021
Share
СЗО: Третиот бран на коронавирус во Африка може да биде најлош
Третиот бран на пандемијата на коронавирус во Африка се шири брзо и тешко го погодува континентот каде има недостиг на вакцини, предупреди регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).
„Во Африка, третиот бран добива на интензитет, се шири побрзо и удира посилно“, рече Матшидисо Моети, директорка на СЗО за Африка.
„Поради брзото зголемување на бројот на случаи, последниот бран може да биде најлош во Африка досега“, предупреди таа на виртуелна прес-конференција.
Според СЗО, бројот на заразени расте пет недели по ред од почетокот на третиот бран на 3 мај. На 20 јуни, 48-от ден од почетокот на третиот бран, Африка пријави околу 474.000 новозаразени, што е зголемување за 21 процент во однос на првите 48 дена од вториот бран.

СЗО соопшти дека пандемијата повторно се шири во 12 африкански земји.

Во Демократска Република Конго (ДРК) околу 77 проценти и во Уганда околу 97 проценти од дијагностицираните случаи се поврзани со индискиот сој.

„Оваа варијанта, прва откриена во Индија, е пријавена во 14 африкански земји“, додаде СЗО.

Повторното ширење на пандемијата во Африка се случува во време на недостиг на вакцини на континентот каде што, според СЗО, нешто повеќе од 1 процент од населението е целосно вакцинирано.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

Стотици луѓе на марш во Лион во знак на протест против убиството на десничар

Трамп воведе 10 отсто царини, па ги зголеми на 15 отсто

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Нема место за Ендру и Хари во новата монархија

Вебер го повика Мерц цврсто да се заложи за заеднички европски одбранбени напори во рамки на ЕУ

Д-Р ХАЛШЕР: Има повеќе од 100 студии кои ја покажуваат поврзаноста на мНРА вакцините за Ковид со појавата на канцер

Најнови вести

Стотици луѓе на марш во Лион во знак на протест против убиството на десничар


Обвинителството им забрани на две фирми да копаат близу изворите од каде стружани пијат вода


Трамп воведе 10 отсто царини, па ги зголеми на 15 отсто


Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ