Според Анализа на Светската здравствена организација, Африка не е подготвена да почне масовна вакцинација против новиот коронавирус. Континентот е подготвен за таа акција само 33 проценти, далеку под посакуваната бројка од 80 проценти.

Анализата се заснова на фактори како што се план, финансирање, доверба во властите и друго.

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 на африканскиот континент достигна 2.408.064 вчера, соопштија африканските центри за контрола и превенција на болести.

Најпогодени африкански земји според бројот на позитивни случаи остануваат Јужна Африка, Мароко, Египет и Етиопија.